Франција продолжува со поддршка на терористите кои ја облеваат во крв Турција

Градоначалникот на францускиот град Шампињи Доминик Адено ќе го одликува терористичкиот курир пратеникот на Демократската партија на народите (ХДП) од Џизре Фајсал Саријилдиз кој избега од Турција и се засолни во Франција со награда „Почесен граѓанин“

629739
Франција продолжува со поддршка на терористите кои ја облеваат во крв Турција

Франција продолжува да им ја отвора својата прегратка на поддржувачите на тероризмот кој и нанесува болка и ја облева во крв Турција; го удостојува терористичкиот курир.

Пратеникот на Демократската партија на народите (ХДП) од Џизре Фајсал Саријилдиз кој за време на антитерористичките операции од Турција избега во Франција каде што се засолни и кој ја извршуваше улогата на курир за оружје на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и учествуваше на погребите на терористите, сега од страна на градоначалникот на градот Шампињи од комунистичката партија ќе биде удостоен со награда „Почесен граѓанин“.  

Поводот односно изговорот за тоа пак е во себе контрадикторен: „солидаризација со угнетените народи“.

Меѓутоа она што се испушта односно се обидува да се затскрие е тоа што лицето за кое се наведува дека е припадник на „тој угнетен народ“ е пратеник во Собранието на Република Турција: Угнетен, но избран за пратеник!  

Односно лице кое „Се заколнал во својата чест дека ќе застане во одбрана на единството и целовитоста на својата татковина“.

Француските функционери без да дискутираат за хуманите и моралните димензии на тоа што и покрај полагање на една ваква заклетва ова лице им носи оружје на терористите, тоа исто лице го наградуваат.

Градоначалникот на Шампињи Доминик Адено во дадената изјава за весникот „Ла Паризиен“ истакна дека под светлината на „нивните политики на солидаризација со угнетените народи“ пратеникот на Демократската партија на народите (ХДП) од Џизре Фајсал Саријилдиз кој се засолна во Франција ќе биде прогласен за почесен „граѓанин на градот Шампањи“.

Од друга страна во Турција е донесена одлука за апсење на Фајсал Саријилдиз против кого е покрената собраниска постапка со обвинение за „вршење пропаганда во име на терористичка организација“ и за „совесно и доброволно помагање на терористичка органзиација“.



Слични вести