Чавушоглу и Џубејр разговараа за последните случувања во Сирија на чело со Алепо

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубејр водеа телефонски разговор посветен на последните случувања во Сирија на чело со Алепо

629846
Чавушоглу и Џубејр разговараа за последните случувања во Сирија на чело со Алепо

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубејр.

Двајцата шефови на дипломатии разговараа за последните случувања во Сирија на чело со Алепо.

Мевлут Чавушоглу нагласи дека опсадата и жестокото бомбардирање на сирискиот режим и неговите поддржувачи во источен Алепо се дочекува со гнев и истакна дека чувствува сериозна загриженост за судбината на десетици илјади цивили кои се заглавени во две маала во источниот дел на градот.

Двајцата министри за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и Адел ал Џубејр постигнаа согласност по прашањето на постигнување итен прекин на нападите врз Алепо и што побрза реализација на безбедното евакуирање на населението кое се наоѓа во источен Алепо.

Освен тоа во телефонскиот разговор беше постигната согласност и по прашањето на вложување напори во правец на отварање на патиштата за доставување хуманитарна помош на областа.



Слични вести