Значен повик од чешкиот европарламентарец Здечовски до Европскиот парламент

Чешкиот член на Европскиот парламент Томас Здечовски преку социјалниот медиуми покажа реакција против грозоморниот напад во Истанбул и посака да бидат забранети активностите на терористичката организација ПКК во Европарламентот

628717
Значен повик од чешкиот европарламентарец Здечовски до Европскиот парламент

Упатен значаен повик до Европскиот парлаент по кукавичкиот терористички напад во Истанбул.

Чешкиот член на Европскиот парламент Томас Здечовски преку социјалниот медиуми покажа реакција против грозоморниот напад во Истанбул и посака да бидат забранети активностите на терористичката организација ПКК во Европарламентот.

Здечовски привлече внимание кон тоа дека ПКК се наоѓа во списокот на терористички организации на ЕУ и рече: „Веќе не треба да им се покажува толеранција на терористите. Сопрете ги ПКК и ДАЕШ и забранете ги во Европскиот парламент.“

Велејќи дека со оружје против турската влада никако не може да се постигне нешто, чешкиот европарламентарец Томас Здечовски во врка со забраната на активностите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Европскиот парламент напиша: „Упатив повик за забрана бидејќи ПКК се наоѓа во списокот на терористички организации на ЕУ. Никој неја не ја извади од тој список.“

Велејќи дека самиот е католик, Здечовски ја изнесе следната проценка: „Оние кои ги загубија животите во Истанбул се муслимани, меѓутоа сите ние сме исти. Овде не е важна религијата. Никако нема да го поддржуваме тероризмот.“

Оваа порака на чешкиот политичар беше дочекана со големо задоволство од страна на министерот за надворепшни работи Мевлут Чавушоглу и турските корисници на социјалните медиуми.

Чавушоглу во својата порака истакна: „Благодарам Томас. Она што сакаме да го вивиме од институциите на ЕУ и од земјите членки е точно тоа.“

Чешкиот член на Европскиот парламент Томас Здечовски во својата порака напиша: „Никако нема да го поддржуваме тероризмот. Нападот во Истанбул чија цел беа и цивили не е различен од нападите во Париз и Брисел. Тероризмот никако не може да биде успешен. Терористите никако нема да победат.“

Турските корисници на социјалните медиуми му се заблагодарија на чешкиот европарламентарец Томас Здечовски за покажаната солидарност и дадената порака.



Слични вести