Во Дијарбакир се урна воен авион од типот Ф-16: Пилотот успеал да се катапултира

Воен авион од типот Ф-16 кој полетал од Командата на 8-мата главна џет база во Дијарбакир по завршување на обуката во моментот на приземјување се урнал, додека пилотот успеал да се катапултира и се спасил од несреќата

629046
Во Дијарбакир се урна воен авион од типот Ф-16: Пилотот успеал да се катапултира
diyarbakır uçak düştü 2.jpg

Во Дијарбакир се урна воен авион кој реализирал обука за летање. 

Во несреќата немаше човечки загуби.

Во објавеното соопштение од Турските вооружени сили се истакнува дека воен авион од типот Ф-16 кој полетал од Командата на 8-мата главна џет база во Дијарбакир по завршување на обуката во моментот на приземјување се урнал. 

Авионот поради засега неутврдена причина се урнал при враќање во својата база во близина на селото Чарикли кај населеното место Сур во Дијарбакир.

Пилотот успеал да се катапултира и се спасил од несреќата по што поради превентивни мерки бил префрлен во болница.

Според првичното реализирано испитување се проценува дека авионот се урнал поради технички дефект.

На местото на настанот беа испратени и амбулантни возила и противпожарни екипи.



Слични вести