Три политички партии во Собранието со објавување на заедничка декларација го осудија тероризмот

Три политички партии во собранието, АК Партијата, Републиканска народна партија (ЏХП) и Партијата за националистичко движење (МХП) објавија заедничка декларациоја со која ги осудија кукавичкиот терористички напад во Истанбул и тероризмот

628461
Три политички партии во Собранието со објавување на заедничка декларација го осудија тероризмот
Erkan Akçay.jpg
Engin Altay.jpg

Реакција против кукавичкиот напад во Истанбул кој одзеде 38 животи пристигна и од Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Три политички партии во собранието, владејачката АК Партија, главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) и опозиционата Партија за националистичко движење (МХП) објавија заедничка декларациоја со која ги осудија кукавичкиот терористички напад во Истанбул и тероризмот.

Демократската партија на народите (ХДП) не го стави својот потпис на текстот на заедничката декларација. 

Потпретседателите на пратеничките групи на трите политички партии одржаа говори пред пратениците во кои го осудија и проколнаа тероризмот.

Потпретседателот на пратеничката група на владејачката АК Партија (Партија за правда и развој АКП) Мустафа Елиташ во својот говор рече: „Оние кои го извршија овој напад, без оглед на тоа од која терористичка организација се, треба да знааат дека нема да се наруши едниството и заедништвото на нашиот честит народ, туку напротив ќе зајакне уште повеќе. Тероризмот никогаш не ќе може да ја победи Турција и да го застраши нашиот честит народ. Впрочем овој честит народ со древно минато во текот на својата славна историја зачувувајќи го своето единство и заедништво елеминирала безброј препреки кои што биле поставени пред него, активирајќи ги притоа својот заеднички ум и својата заедничка совест.“

Потпретседателот на пратеничката група на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Енгин Алтај во својот говор пред пратениците рече: „Никој не треба да има сомневање во тоа дека со оваа сила која што ја добиваме од нашата славна историја ќе водиме севкупна борба против терористичките напади и тероризмот како народ и уште повеќе ќе се сплотиме едни кон други. Најдобриот одговор што ќе го дадеме против тероризмот е да го зајакнеме уште повеќе нашето братство.

Потпретседателот на пратеничката група на опозиционата Партија за националистичко движење (МХП) Еркан Акчај пак во своето обраќање од говорницата до пратениците рече: „Онака како што стоевме цврсто исправени како народ пред овие слични терроистички акции, најпрвин против ПКК, ДАЕШ, ДХКП-Џ, ФЕТО и други терористички организации, онака како што овозможивме целта на терроизмот да западне во вода, повторно на ист начин ќе покажеме челична волја. Нашиот народ нека биде спокоен, непријателите на човештвото терористите ќе бидат поразени. Честитиот турски народ и нашата честита држава ќе извојуваат победа.“



Слични вести