Расте кампањата преку социјалните медиуми за поддршка на полицијата

Преку социјалните медиуми под етикетата „Јас сум покрај мојот полицаец“ (#PolisiminYanındayım) беа испратени и споделени голем број пораки со поддршка на безбедносните сили

628223
Расте кампањата преку социјалните медиуми за поддршка на полицијата

Продолжуваат да растат како лавина реакциите против кукавичкиот терористички напад во сабота вечер во Истанбул чија цел беа полициските сили и во кој жвотот го загубија 38 лица од кои 30 полицајци и 7 цивили од кои идентитетот на едно лице сеуште не е утврден, а 155 лица беа повредени.

Преку социјалните медиуми под етикетата „Јас сум покрај мојот полицаец“ беа испратени и споделени голем број пораки со поддршка на безбедносните сили.

Голем број граѓани од сите средини на општеството од политичарите до уметниците и спортските средини ја употребија заедничката етикета под хаштагот #PolisiminYanındayım „Јас сум покрај мојот полицаец“.

Поддршка со пораката „Јас сум покрај мојот полицаец“ дадоа и потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш и голем број министри.

Советникот на претседателот Ердоган, поранешниот турски кошаркарски репрезентативец и висок фунцкионер на Турската кошаркарска федерација (TBF) Хидајет Туркоглу исто така ја испрати пораката „Спортот нас не научи секогаш да бидеме заедно, рамо до рамо... Заедно ќе се испречеме пред овие тешки денови! #PolisimizinYanındayız #OmuzOmuzayız (Стоиме покрај нашата полиција, Рамо за рамо).

Оваа кампања не беше ограничена само со социјалните медиуми.

Голем број граѓани во знак на поддршка на полицијата излегоа на улица го изразија своето сочувство на улица, во своите маала, работни места.

Граѓаните им го честитаа и Мевлуд-и Шериф на безбедносните сили кои беа на задача.



Слични вести