Погребна церемонија за четворица загинати полицајци во Истанбул

Во Истанбул беше одржана погребна церемонија за четворица полицајци кои го загубија животот во куаквичкиот терористички напад во саботата вечер во Истанбул

629035
Погребна церемонија за четворица загинати полицајци во Истанбул

Полицајците кои го загубија животот во терористичкиот напад во саботата вечер во Истанбул беа испратени на нивниот вечен дом во родните места.

На погребната церемонија за четворица полицајци во Истанбул учествуваа претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим, потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, како и голем број граѓани.

Претседателот Ердоган по Дирекцијата на одделот на силите за брза интервенција (Чевик Куввет) беше во увид и на местото во Бешикташ каде што беше реализиран терористичкиот напад на кое му е дадено името „Ридот на шехидите“.

Претседателот Ердоган беше информиран од страна на функционерите и читаше молитва (дова) за шехидите.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беше придружуван и од министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерката за семејство и социјални политики Фатма Бетул Сајан Каја, командантот на првата армија генерал на армија Муса Авсевер, генералниот директор на полицијата Селами Алтинок, валијата на Истанбул Васип Шахин, градоначалникот на Истанбул Кадир Топбаш, претседателот на општина Бешикташ Мурат Хазинедар, претседателот на општина Бејоглу Ахмет Мисбах Демирџан и претседателот на Клубот Бешикташ Фикрет Орман.

Во меѓувреме беа одржани одделни погребни церемонии и за тројца полицајци во Анкара кои го загубија животот во терористичкиот напад во Истанбул.

Тројцата загинати полицајци беа испратени во нивниот вечен дом од страна на нивните сакани со солзи во очите. 

Погребни церемонии беа одржани и за останатите полицајци кои го загубија животот во терористичкиот напад во сабота вечер во населбата Бешикташ во Истанбул.

Во кукавичкиот напад загинаа 44 лица од кои 37 полицајци и 7 цивили, а 155 лица беа повредени.



Слични вести