Безбедносен состанок во Истанбул

Претседателот Ердоган по погребните церемонии на загинатите и посетата на повредените во болница ги покани во ворецот Мабејн во сарајот Јилдиз Бинали Јилдирим и членовите на владата кои беа во Истанбул каде што се одржа безбедносен состанок

628227
Безбедносен состанок во Истанбул

По кукавичкиот терористичкиот напад во Истанбул синоќа се одржа безбедносен состанок под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот Ердоган по погребните церемонии на загинатите и посетата на повредените во болница дојде во дворецот Мабејн во сарајот Јилдиз и ги покани премиерот Бинали Јилдирим и членовите на владата кои беа во Истанбул.

Овде под претседателство на претседателот Ердоган се одржа безбедносен состанок кој што траеше приближно 2 часа.

На безбедносниот состанок учествуваа премиерот Бинали Јилдирим, потпретседателите на владата Нуман Куртулмуш и Тугрул Туркеш, министерот за правда Бекир Боздаг, министерската за семејство и социјални политики Фатма Бетул Сајан Каја, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и високи функционери.



Слични вести