Во Турција прогласена еднодневна национална жалост за загинатите во Истанбул

По кукавичките терористуички напади во Истанбул е прогласена едноднавна национална жалост во Турција и сите знамиња се спуштени на половина копје

627879
Во Турција прогласена еднодневна национална жалост за загинатите во Истанбул

По двата кукавички терористички напади во Истанбул во чест на жртвите во овие напади во Турција е прогласена еднодневна национална жалост.

Во документот испратен со потпис на премиерот Бинали Јилдирим до министерствата се издава директива поради терористичките напади да се прогласи еднодневна жалост во земјата и сите знамиња да бидат спуштени на половина копје. 

Според објавеното соопштение од Координациониот центра на владата на Република Турција во директивата за која станува збор се вели следното: „По грозоморниот терористички напад на 10 декември 2016 година во Истанбул во чест на големата болка за жртвите се прогласува еднодневна национална жалост и сите знамиња ќе бидат спуштени на половина копје.“

Во меѓувреме по повод терористичкиот напад во Истанбул и во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) владата прогласи еднодневна национална жалост.



Слични вести