Во два одделни терористички напади во Истанбул животот го загубија 29 лица

Во синоќешните два одделни терористички напади во близина на стадионот Водафон Арена во Бешикташ во Истанбул животот го 29 лица од кои 27 полицајци и двајца цивили, а 166 лица се повредени

627867
Во два одделни терористички напади во Истанбул животот го загубија 29 лица

Во два одделни реализирани терористички напади синоќа во Истанбул чија цел беа полициските сили за брза интервенција (Чевик Куввет) животот го загубија 29 лица од кои 27 полицајци и двајца цивили.

Во кукавичките напади се повредени 166 лица.

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш истакна дека цел на едниот од двата терористички напади кои беа реалиизрани синоќа по еден фудбалски натпревар во Истанбул беа полициските сили за брза интервенција (Чевик Куввет), вториот напад беше извршен од страна на самоубиствен напаѓач.

Куртулмуш рече: „Се соочуваме со една многу голема болка, меѓутоа мораме да ги зачуваме нашето национално единство и начиот национален став против тероризмот.“

Нуман Куртулмуш ја повика меѓународната заедница да стои покрај Турција пред да изнесува само одредени реторики и додаде дека Турција ќе ги порази сите терористички организации.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека нападот во Истанбул има за цел да ја прекине силната борба што се води против тероризмот.

Сулејман Сојлу истакна дека беа реализиран два одделни напади од кои едниот со возило-бомба, а вториот од страна на самоубиствен напаѓач.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу веднаш по веста за терористичкиот напад од Анкара замина за Истанбул каде што во својата дадена прва изјава подвлече дека се соочуваме со терористички акт реализиран со кукавички и свиреп план. 

Сојлу ја сподели и информацијата дека досега во врска со случајот се притворени 10 лица.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во Истанбул е придружуван од страна на министерот за здравство Реџеп Акдаг и министерката за семејство и социјални политики Фатма Бетул Сајан Каја.

Во меѓувреме од страна на болницата Шишли Етфал е соопштено дека  23-јца од повредените кои биле донесени на лекување биле отпуштени, додека лекувањето на 26 повредени продолжува.

Во врска со кукавичкиот терористички напад од страна на Јавното обвинителство на Истанбул се води многустрана истрага.

Во рамките на истрагата досега се притворени 10 лица.



Слични вести