Сулејман Сојлу: Во терористичкиот напад загубивме 38 наши граѓани

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека бројот на загинатите во терористичкиот напад во Истанбул се зголеми на 38 лица

628003
Сулејман Сојлу: Во терористичкиот напад загубивме 38 наши граѓани

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека бројот на загинатите во терористичкиот напад во Истанбул се зголеми на 38 лица од кои 30 полицајци, 7 цивили и едно лице чиј идентитет сеуште не е утврден.

Сојлу рече дека лекувањето на 136 повредени лица продолжува во болниците.

„Според најновите добиени информации што ги добивме бројот на нашите чеда на нашата татковина кои станаа шехиди во синожешниот грозоборен напад изнесува 38. 30 од нив се полицајји, 7 цивили, а идентитетот на едно лице сеуште не е утврден. Во болниците се наоѓаат на лекување 136 наши граѓани. 14 лица се на интензивна нега, 5 мина се на операција. Беа повредени вкушно 155 лица кои беа префрлени во болници и се молиме за нашите граѓани за нивно побрзо оздравување.“

Во врска со двата одделни терористички напади во Бешикташ во Истанбул е започната многустрана истрага од страна на Јавното обвинителство на Истанбул во чии рамки досега се притворени 13 лица.



Слични вести