Министерот Сулејман Сојлу: Станува збор за два одделни напади

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека се проценува дека се реализирани два одделни напади од кои еден би можел да е извршен од страна на самоубиствен напаѓач

627802
Министерот Сулејман Сојлу: Станува збор за два одделни напади

Во реализираниот терористички напад во близина на стадионот Водафон Арена во населбата Бешикташ во Истанбул чија цел беа полициските сили за брза интервенција (Чевик Куввет) бројот на повредените се зголеми на 38 лица.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека се проценува дека се реализирани два одделни напади од кои едниот би можел да е извршен од страна на самоубиствен напаѓач.

Министерот Сулејман Сојлу веднаш по случајот од Анкара замина за Истанбул каде што дојде на местото на експлозијата и овде истакна дека станува збор за реализиран кукавички и свиреп план.

Заедно со министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на местото на случајот дојде и министерот за здравство Реџеп Акдаг.

Во врска со кукавичкиот терористички напад е започната детална истрага од страна на Јавното обвинителство на Истанбул.

Во меѓувреме претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Еердоган ги побара по телефон надлежните од чија страна беше информиран во врска со случајот. 



Слични вести