Во операцијата Еуфратски штит продолжуваат да и се нанесуваат тешки удари на ДАЕШ

Генералштабот истакна дека во операцијата Еуфратски штит се неутрализирани четворица терористи на ДАЕШ утврдени од страна на беспилотно летало во областа Зарзур, а во областите на Ел Баб и Зарзур се уништени 39 цели на ДАЕШ

627616
Во операцијата Еуфратски штит продолжуваат да и се нанесуваат тешки удари на ДАЕШ

Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат да и нанесуваат тешки удари на терористичката организација ДАЕШ во рамките на операцијата Еуфратски штит која што започна на 24 август, а со цел исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи.

Според објавеното соопштение од Генералштабот беа неутрализирани четворица терористи на ДАЕШ утврдени од страна на беспилотно летало во областа Зарзур.

Освен тоа во реализирана воздушна операција од страна на турски воени авиони во областите на Ел Баб и Зарзур беа уништени вкупно 39 цели на терористичката организација ДАЕШ меѓу кои 26 згради кои биле користени за засолнување на терористите, 5 магацини за оружје и 3 возила.

Во мѓувреме Слободната сириска армја (ССА) во голема мера ја воспостави контролата и во населените места Дана и Баратах.



Слични вести