„Употребата на нашата национална валута наместо на доларот не насочена против никоја земја“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека одлуката за употреба на националната валута турската лира (ТЛ) наместо доларот не насочена против никоја земја

627642
„Употребата на нашата национална валута наместо на доларот не насочена против никоја земја“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган говореше на манифестацијата Недела на иновацијата што се одржува во Конгресниот Центар во Халич во Истанбул и притоа истакна дека одлуката за употреба на националната валута турската лира (ТЛ) наместо доларот не насочена против никоја земја.

Ердоган рече: „Нашата одлука за употреба на нашата национална валута наместо на доларот апсолутно никако не е активност насочена против економијата на одредена друга земја.“

Претседателот Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Во секоја прилика уште еднаш гледаме и сфаќање дека без да се крене на нозе Турција, нема и не може да се крене на нозе ниту нашиот регионот ниту нашата цивилизација. Товарот и одговорноста кои што се наоѓаат врз нас се тешки, но во толкава мера тоа претставува и чест. Нашите фирми кои водат иновативни и обновувачки активности, нашите организации како кров како што е Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), сите надлежни институции на јавниот сектор со оваа свест мораат своето темпо и своите цели постојано да ги носат нанапред.“

Велејќи дека расте бројот на човечките ресурси во активностите за истражување и развој, претседателот Ердоган рече: „Бројот на човечките ресурси во активностите за истражување и развој кој што во 2001 година изнесуваше 76 илјади заклучно со 2016 година изнесува над 224 илјади. Исто така делот на трошоците за истражување и развој во нашиот бруто домашен производ кој што во 2001 година изнесуваше 0,54-насто во 2016 година годишно надмина 20 милијарди турски лири и се зголеми на 1,06-насто. Тое не е доволно. Целта е 3-насто. Треба да успееме да го постигнеме тоа.“



Слични вести