Премиерот Бинали Јилдирим се состана со данскиот премиер Ларс Локе Расмусен

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека Турција и Данска ги споделуваа истите размислувања по прашањето на тоа дека денеска постои поголема потреба од вчера за меѓународна соработка во борбата против тероризмот

627716
Премиерот Бинали Јилдирим се состана со данскиот премиер Ларс Локе Расмусен

Премиерот Бинали Јилдирим во владиниот дворец на Чанкаја во Анкара се состана со данскиот премиер Ларс Локе Расмусен со кого потоа одржаа и заедничка конференција за претставниците на печатот.

Премиерот Јилдирим истакна дека поддржувањето на Турција која е приморена во ист момент да води борба со неколку терористички организации како што се ПКК, ПЈД, ДАЕШ и ФЕТО/ПДЈ ќе овозможи да се постигне успех во оваа борба.

Јилдирим рече: „Видовме дека и Данска ги споделува истите размислувања со Турција по прашањето на тоа дека денеска постои поголема потреба од вчера за меѓународна соработка во борбата против тероризмот. Поддржувањето на Турција која е приморена во ист момент да води борба со неколку терористички организации како што се ПКК, ПЈД, ДАЕШ и ФЕТО/ПДЈ ќе овозможи да се постигне успех во оваа борба.“

Премиерот Бинали Јилдирим продолжи со следните зборови: „Осоебно одлуката на независните судови на Данска во врска со затворањето на телевизискиот канал Рож ТВ, кој е информативен орган на терористичката организација ПКК се оценува како добар пример во оваа борба. Наша најголема желба е нашата позитивна соработка која што продолжува со Данска против тероризмот да продолжи и по прашањето на борбата против ФЕТО/ПДЈ која е терористичка организација и која одигра главна улога во реализацијата и на обидот за воен удар.“



Слични вести