Еве што содржи доставениот предлог за уставни измени до собранието

Предлогот подготвен заеднички од страна на владејачката АК Партија (Партија за правда и развој АКП) и опозиционата Партија за националистичко движење (МХП) предвидува уставни измени во 21 член

627728
Еве што содржи доставениот предлог за уставни измени до собранието

Предлогот за уставни измени со потписот на 316 пратеници доставен до Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Предлогот подготвен заеднички од страна на владејачката АК Партија (Партија за правда и развој АКП) и опозиционата Партија за националистичко движење (МХП) предвидува уставни измени во 21 член.

Станува збор за значајни измени законодавната, извршната и судската власта т.ј. судството.

Меѓу членовите во кои што се предвидува да бидат направени измени во уставот на преден план се појавуваат наслови како што се;

- Глава на државата ќе биде претседателот кој ќе биде и носител на извршната власт, односно извршната власт ќе биде во рацете на претседателот. Претседателот воедно ќе биде надлежен за наименување на потпретседателите, министрите и високите државни функционери.

- Избраниот претседател нема да ја прекине својата врска со матичната партија.

- Ќе се овозможи кандидирање за претседател со собирање и на најмалку 100 илјади потписи.

- Формирањето на министерства, нивно укинување, нивните задачи, надлежности и организациони структури ќе бидат регулирани со декрет на претседателот.

- За повторување на изборите ќе може да се одлучи од страна на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) или претседателот. Доколку биде донесена одлука изборите ќе се одржат заеднички; изборите за законодавната и извршната власт т.ј. парламентарните и претседателските избори ќе се одржат на ист ден.

- Бројот на пратеници во собранието ќе се зголеми на 600 (од сегашните 550). Ќе се укинат меѓу изборите и ќе се воведе системот на резервни пратеници. 

- Воведувањето на воена состојба ќе биде извадено од уставот. Надлежноста за прогласување вонредна состојба ќе му се даде на претседателот. Одлуките за прогласување вонредна состојба ќе бидат доставени на одобрени на собранието. 

- Изборите за претседател и пратеници ќе се одржат на 3 ноември 2019.

- Високиот совет на судии и јавни обвинители (ХСЈК) ќе се состои од 12 члена и ќе работи во два оддели. Половината од членовите ќе бидат избрани од Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), а половината од претседателот на државата.

- Надлежноста за поднесување предлог за донесување закон ќе биде кај пратениците. Меѓутоа како исклучок на претседателот ќе му се даде надлежност и задача за подготвување и доставување на законот за буџет. Буџетот ќе може да се усвои со одобрение на собранието.

- Годишната возраст за избор за пратеник ќе изнесува 18.

Доколку предлогот за уставни измени биде усвоен во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) со гласовите на 330-367 пратеници во рок од 60 дена од денот на усвојување ќе се оди на референдум.

Доколку пак биде усвоен со 367 и повеќе гласови нема да постои потреба од одржување на референдум.

Сепак претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во однос на ова прашање претходно изјави дека независно од тоа со колку гласови ќе биде усвоен предлогот за уставни измени повторно ќе биде поставен на референдум, односно како што рече „ќе се праша што мисли народот“.



Слични вести