Експлозија во близина на стадионот Водафон Арена во Истанбул

Во експлозија во близина на стадионот Водафон Арена во населбата Бешикташ во Истанбул според првата официјална изјава која што пристигна од министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу 20 лица се ранети

627766
Експлозија во близина на стадионот Водафон Арена во Истанбул

Во близина на стадионот Водафон Арена во населбата Бешикташ во Истанбул дојде до експлозија.

Веднаш по експлозијата првата официјална изјава опристигна од министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој рече дека цел на нападот реализиран со возило-бомба бил автобус во кој се наоѓале припадници на полициските сили за брза интервенција (Чевик куввет).

Министерот Сојлу истакна дека во експлозијата се ранети 20 лица.

На местото на експлозијата веднаш се испратени голем број полициски и пожарникарни возила.

Премиерот Бинали Јилдирим ги побара по телефон министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и валијата на Истанбул Васип Шахин од чија страна беше информиран за случајот.



Слични вести