Владата ќе формира извори од 250 милијарди лири и во 2017 ќе се обезбеди работа за 600 илјади лица

На состанокот на Советот за економска коррдинација беше усвоена одлука за поддршка на реалниот сектор, зголемување на стапката на вработеност, како и продолжување и интензивирање на реформите

626614
Владата ќе формира извори од 250 милијарди лири и во 2017 ќе се обезбеди работа за 600 илјади лица

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека за потребите на извозниците и Малите и средни претпријатија ќе се формира извор од 250 милијарди турски лири и во 2017 година ќе се обезбеди работа за 600 илјади лица.

Премиерот Јилдирим одржа прес конференција на која ги објави економските мерки.

Премиерот Јилдирим ги објави одлуките кои што беа усвоени на минатонеделниот состанок на Советот за економска координација.

На состанокот беше усвоена одлука за поддршка на реалниот сектор, зголемување на стапката на вработеност, како и продолжување и интензивирање на реформите.

Преземаме одредени мерки во врска со зачувувањето на стапката на вработеност како и зголемувањето. Во тие рамки работодавците во приватниот сектор кои ја искористуваат поддршката на минималните плати, исплата на премиите за работните денови на вработените за јануари, февруари, март 2017 ја одложуваме за октомври, ноември, декември 2017 година.

Во 2017 година предвидуваме да вработиме 500 ијади лица и во тие рамки ќе ги искористиме можностите на програмата за активна работна сила на Заводот за вработување ИШКУР. За 500 илјади граѓани ќе обезбедиме работа во приватниот сектор, 100 илјади ќе работат во програмите за работа во корист на општеството. За дополнително вработување, во првата година ќе обезбедиме поддршка од 50 отсто, за втората година 25 отсто рече премиерот Јилдирим.

Установата за банкарска регулатива и супервизија (БДДК) ја прифати одлуката за реципроцитет со која се обезбедува овластување и можност за повторно структуирање на кредитите на реалниот сектор од страна на банкраскиот сектор, рече премиерот Јилдирим и потенцираше дека со преземањето на одреден товар, со приходите со кои ќе се стекнат, банките ќе можат да ги искористат во кредитните конфигурации. Гледано од аспект на кредитирањето, дефиницијата за МСП ја искачивме на 125 милиони турски лири.

Го зголемуваме капиталот на Ексимбанката, исто така растат поддршката за извоз. Банката моментално располага со капитал од 3,7 милијарди. Оваа бројка ќе ја зголемиме. Исто така ќе спроведеме безкаматна стапка за домашните побарувања за компаниите, која стапка се применува за девизните кредити за претприемничките услуги во странство.

Со цел да се поттикне индустриското производство планираме да ја зголемиме поддршката на проектите кои се остваруваат во рамките на инвестиционото поттикнување. Стапката за придонес на инвестициите за инвестиционите трошоци во производството во 2017 година ќе ја зголемиме за уште 15 отсто. Исто така ќе ја намалиме корпоративната даночна стапка, рече пемиерот Јилдирим.



Слични вести