Остра реакција од Турција против Грција која одбива да ги предаде сите пучисти

Портпаролот на МНР Хусејин Муфтуоглу истакна дека Турција се соочува со тешкотии да го сфати тоа што предавањето на тројца војници пучисти е прифатено, додека предавањето на 5 мина од нив е одбиено од страна на Апелациониот суд во Атина

626616
Остра реакција од Турција против Грција која одбива да ги предаде сите пучисти

Турција покажа остра реакција на тоа што Грција не ги предава војниците пучисти кои по обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули пребегаа и се засолнаа во оваа земја.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хусејин Муфтуоглу во изјавата по ова прашање рече: „Се соочуваме со тешкотии за да го сфатиме тоа што предавањето на тројца војници пучисти е прифатено, додека предавањето на 5 мина од нив е одбиено од страна на Апелациониот суд во Атина.“ 

Велејќи дека од мошне блиску се следи процесот во врска со предавањето на Турција на 8-те пучисти кои пребегаа во Грција, Муфтуоглу рече: „Наше основно очекување од Грција е предавање на пучистите на нашата земја.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така во Брисел каде што замина по повод состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО во средата одговараше на прашањата на новинарите и притоа даде изјави во врска со предавањето на војниците пучисти на Турција кои по обидот за преврат пребегаа во соседна Грција.  

Чавушоглу нагласи дека сите 8 војници кои пребегаа во Грција се пучисти и истакна дека Турција очекува да и бидат предадени сите.

Укажувајќи на тоа дека помеѓу Турција и Грција постојат билатерални договори, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Правото е јасно. Ние никогаш не велиме да излеземе надвор од правото. Меѓутоа договорите, правото, меѓународните норми и спогодби се отворени. Овие лица треба да бидат предадени.“

Инаку, по обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули 8 војници пучисти со воен хеликоптер од типот Сикорски избегаа во градот Александропулос (турски Дедеагач) во соседна Грција и побараа азил во оваа земја.



Слични вести