Маркантниот развој во енергетските договори удри силен белег

Започнувањето на употребата на националната валута во новиот период на енергетските политики на Турција претставува значаен настан

626815
Маркантниот развој во енергетските договори удри силен белег

Маркантниот развој во енергетските договори удри силен белег на седницата за буџет на Собранието

Силен белег на седницата за буџет на Големото национално собрание на Турција удри маркантниот развој во енергетските договори.

Министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак рече дека во трговијата со енергија ќе се премине кон употреба на турската лира.

Започнувањето на употребата на националната валута во новиот период на енергетските политики на Турција со земјите со кои е формиран енергетски обрт ќе претставува значаен настан, рече министерот Албајрак и потенцираше дека започнаа активностите за премин кон употреба на турската лира во трговијата со природен гас со Русија. Сите инволвирани установи работат на тоа прашање, рече Албајрак.

Енергијата има големо значење во развојот и зголемувањето на стапката на вработеност на Турција, рече Албајрак и потенцираше на нивото кое го достигна Турција во последните 14 години во енергетскиот сектор. Како во економијата така и енергетскиот сектор забележа раст за три пати повеќе. Нашите политики се засноваат на начелото дека заедно со економскиот раст на земјата и енергетскиот сектор треба да го постигне истиот раст. Затоа вложуваме големи напори за произведување доволно и евтина енергија, рече министерот Албајрак.

Од почетокот на 2003 година наваму, со инвестиции во износ од 75 милијарди долари, инсталираната моќност на Турција во приватниот и државниот сектор од 32 илјади мегавати кон крајот на годинава ја искачивме на 80 илјади мегавати.

Исто така интензивно продолжуваат активностите домашната и обновливата енергија да го дадат својот придонес во економскиот развој на земјата, рече министерот Албајрак и потенцираше дека покрај годишната стапка на потрошувачка од 13 милијарди метри кубни природен гас,  продолжуваат со големи инвестиции во сферата на промоцијата на чиста енергија во градовите и општините.

Во рамките на Светскиот енергетски конгрес во октомври потпишавме многу значаен договор со Русија. Тоа беше Турскиот тек, потсети министерот Албајрак и рече дека со договорот не се зголемува енергетската зависност односно зависноста на природниот гас на Турција од Русија. Напротив со договорот е постигната безбедност на снабдувањето со гас односно со директно доставување од производителот до Турција, се исклучени другите земји кои даваа допринес во снабдувањето со гас на проектот Западен тек.



Слични вести