„Шангајската петорка не претставува алтернатива на ЕУ, но ЕУ не претставува единствен избор“

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека Турција не го менува својот колосек во надворешната политика и рече: „Шангајската петорка не претставува алтернатива на ЕУ, меѓутоа не би можеле да го велиме и тоа дека ЕУ претставува единствен избор.“

626472
„Шангајската петорка не претставува алтернатива на ЕУ, но ЕУ не претставува единствен избор“

Премиерот Бинали Јилдирим кој ја заврши својата посета на Русија на враќање во земјата даде изјави за новинарите и истакна дека Турција не го менува својот колосек во надворешната политика и рече: „Шангајската петорка не претставува алтернатива на ЕУ.“ 

Истакнувајќи дека не може да се остане индиферентен ниту пред заканите ниту пред можностите во регионот, Јилдирим рече: „Меѓутоа не би можеле да го велиме и тоа дека ЕУ претставува единствен избор.“

Премиерот Бинали Јилдирим во Анкара учествуваше и на 33-от Национален информатички совет на Здружението за информатика на Турција и во говори што го одржа овде меѓу другото изнесе значајни проценки и во однос на обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули.

Јилдирим рече: „Пучистите секако дека ќе полагаат сметка до крај. Турција е правна држава. Ќе биде направено она кое што го налага една правна држава.“

Укажувајќи и на тоа дека ноќта за време на обидот за преврат медиумите одиграа една историска задача, Бинали Јилдирим истакна дека медиумите беа таен херој на 15 јули.

Премиерот Бинали Јилдирим во својот говор ја нагласи потребата од искористување на знаењето како сила и напомена дека едновременото унапредување на информатиката и демократијата е неопходно и за развојот на правото и економијата. 

„Од овде прогласувам дека 2017 година ќе биде година на развојот во информатиката.“ - додаде премиерот Јилдирим.



Слични вести