Почина Исмет Сезгин, долгогодишен политичар и поранешен претседател на Собранието

88-годишниот Исмет Сезгин, долгогодишен политичар и поранешен претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) приближно еден месец како се наоѓаше на лекување во болницата на Воената медицинска академија Ѓулхане (ГАТА) во Анкара

626142
Почина Исмет Сезгин, долгогодишен политичар и поранешен претседател на Собранието

Почина Исмет Сезгин, долгогодишен политичар кој во текот на својата долгогодишна политичка кариера извршуваше значајни функции како што беа претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и министерски функции во голем број владини кабинети.

88-годишниот Исмет Сезгин приближно еден месец како се наоѓаше на лекување во болницата на Воената медицинска академија Ѓулхане (ГАТА) во Анкара.

Пораки со сочувство и жалење по повод смртта на Исмет Сезгин пристигнаа и од државниот врв.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман и лидерот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу објавија пораки во кои го изразија своето сочувство по повод смртта на Исмет Сезгин.

Претседателот Ердоган ја побара по телефон ќерката на покојниот Исмет Сезгин, Сејнан Левент до која го изрази своето сочувство и истакна дека ја споделува нејзината болка.

Ердоган му посака милост на покојникот од Аллах, а на семејството и блиските им посака трпение.



Слични вести