МНР му достави протестна нота на германскиот амбасадор

Амбасадорот Мартин Ердман беше примен на ниво на заменик потсекретар на министерството

625961
МНР му достави протестна нота на германскиот амбасадор

По приведувањето на потпретседателот на Големото национално собрание на Турција Ајше Нур Бахчекапили од страна на германската полиција на аеродромот, чиј пасош беше украден за време на престојот во Германија, амбасадорот на Германија во Анкара Мартин Ердман беше повикан во Министерството за надворешни работи (МНР) и му беше врачена протестна нота.

Ердман беше примен на ниво на заменик потсекретар на министерството.

Потпретседателката на Собранието Бахчекапили чиј пасош беше украден, за да се врати во Турција извади нов привремен пасош.

Но германската полиција под изговор дека во привремениот пасош има проблем, ги приведе Бахчекапили и членовите на делегацијата во нејзина придружба во полициската станица на аеродромот.

Претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган остро реагираше на овој случај и рече дека Германија ги прифаќа терористите и ги угостува како гости. Додека потпретседателот на Големото национално собрание на Турција и членовите на делегацијата во нејзина придружба чекаат со часови на аеродромот. Зарем сега не треба да им возвратиме на ист начин? Потоа Ердоган станува диктатор. Ако вие можете погрешно да се однесувате кон потпретседателот на собранието, тогаш и ние треба да ви возвратите на ист начин. Се додека не ги преземете потребните активности во врска со персоналот кој што се однесуваше лошо кон потпретседателот на собранието, тогаш и Турција ќе биде принудена да возврати на ист начин и неколкукратно, рече претседателот Ердоган.



Слични вести