Сочувство од Турција до братски Пакистан по повод авионската несреќа

Турското министерство за надворешни работи објави соопштение во кое го изрази своето жалење по повод трагичната авионска несреќа

625781
Сочувство од Турција до братски Пакистан по повод авионската несреќа

Турција го изрази своето сочувство до блиските на загинатите во урнатиот патнички авион во Пакистан и до братскиот пакистански народ.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека со големо жалење беше дочекана веста за уривањето на патничкиот авион во сопственост на авиокомпанијата „Пакистански меѓународен авиопревозник (PIA) кој леташе од градот Читрал за главниот град Исламабад.

„На загинатите во оваа трагична несреќа им посакуваме милост од Аллах и го изразуваме нашето сочувство до нивните блиски и до братскиот пакистански народ“. - се вели во соопштението на министерството за надворешни работи на Турција.

Во патничкиот авион за кој беше соопштено дека се урнал во северниот дел на Пакистан се наоѓале најмалку 47 патници и членови на екипажот.

Сеуште не е објавено официјално соопштение во врска со причината за несреќата.



Слични вести