Собранието на Турција со осуда против Германија

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) ги осуди германските власти поради насилното задржување во полицијата и лошиот третман на кои што беше подложена пратеничката на владејачката АК Партија и потпретседателка на собранието Ајшенур Бахчекапили

625538
Собранието на Турција со осуда против Германија
özgür özel.jpg
ahmet aydın.jpg

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) со осуда против Германија...

Потпретседателот на пратеничката група на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Озѓур Озел  кој се јави за збор за време на дискусиите за буџетот на генералната седница на собранието потсети дека пристигнуваат вести околу тоа дека на пратеничката на владејачката АК Партија и воедно потпретседателка на собранието Ајшенур Бахчекапили која престојувала во посета на Германија и бил украден пасошот по што се соочила со лош третман од страна на германската полиција и 45 минути била задржана во полиција. 

Пратеникот Озѓур Озел рече: „Сите пратеници, членови на собранието, а поготово претставниците на претседателството на собранието го претставуваат целото собрание и цела Турција. Го сметаме за неприфатливо нивното насилно задржува и тоа што се лишени од дипломатска учтивост која што треба да ја ужива надвор еден пратеник.“

Потпретседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Ахмет Ајдин исто така истакна дека не може да се прифати насилното задржување на потпретседателката на собранието Ајшенур Бахчекапили на аеродромот во Германија и рече: „Ги осудуваме германските власти поради ваквиот третман“.

Ахмет Ајдин рече: „Не е мошно да се прифати тоа. Апсолутно најостро го осудуваме ваквиот начин на однесување независно од тоа каде е извршено, кон еден парламентарец, а поготово кон еден потпретседател на собранието, член на претседателството на собранието. Во процесот во иднина мораме заедно да го одбраниме нашиот углед како пратеници и во странство и внатре во земјата. Ги осудуваме германските власти поради ваквиот начин на однесување кон госпоѓа Ајшенур.“



Слични вести