На Германија ќе и се возврати неколкупати  повеќе

На потпретседателката на собранието Ајшенур Бахчекапили не и беше дозволен премин низ аеродромот

625669
На Германија ќе и се возврати неколкупати  повеќе

Претседателот Ердоган реагираше против односот на кој беше изложена потпретседателката на Големото национално собрание на Турција Ајшенур Бахчекапили во Германија.

Претседателот Ердоган рече дека на Германија ќе и се возврати неколкупати  повеќе.

Во говорот на 31-та средба со претседателите на месните заедници во претседателскиот дворец, претседателот Реџеп Тајип Ердоган, односот на кој беше изложена потпретседателката на Големото национално собрание на Турција Бахчекапили го изнесе на дневен ред.

На потпретседателката на собранието Бахчекапили чиј лични документи и беа украдени од чантата за време на патувањето по Германија, за жал не и беше дозволен премин низ аеродромот и покрај тоа што имаше пасош издаден од Амбасадата на РТ, рече претседателот Ердоган и подвлече:

Прифаќате терористи и ги угостувате во вашата земја. Додека за жал наоѓате за сходно да ја натерате потпретседателката на собранието и делегацијата во нејзина придружба да чекаат со часови на аеродромот. Зарем сега не треба истото да ви се врати? Потоа ќе најдете за сходно пак да кажете дека Ердоган е диктатор. Па ако вас не ви е срам што дозволивте да се направи оваа грешка, тогаш и јас треба да возвратам на ист начин. Пред да ги преземете потребните активности во врска со целиот персонал, Турција ќе биде принудена да ви возврати во иста мера, рече Ердоган.



Слични вести