Во Догубајазит кај Агри фатени 83-јца илегални мигранти

Безбедносните сили во реализираните контроли и претреси во населеното место Догубајазит кај градот Агри фатија 83-јца илегални мигранти

624593
Во Догубајазит кај Агри фатени 83-јца илегални мигранти

Во населеното место Догубајазит кај градот Агри во источниот дел на Турција во близина на границата со Иран се фатени 83-јца илегални мигранти. 

Екипите на Жандармеријата на магистралниот пат Догубајазит-Ѓурбулак сопреа возило во кое се наоѓаа 37 мигранти од пакистанско и 17 мигранти авганистанско државјанство.

Во едно друго сопрено возило пак беа фатени 10 мигранти од пакистанско државјанство.  

Безбедносните сили по добиени информации реализираа претреси и во маалото Ахмед-и Хани каде што беа пронајдени 15 авганистански и четворица пакистански илегални мигранти.

Во врска со случајот се притворени 5 лица.



Слични вести