Претседателот Ердоган избран за „Лидер на годината во услуга на народот“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на првиот самит за лидер во услуга на народот што се одржа во Истанбул избран за „Лидер на годината во услуга на народот“

624919
Претседателот Ердоган избран за „Лидер на годината во услуга на народот“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган е избран за „Лидер на годината во услуга на народот“.

Беше спроведенa анкетa меѓу учесниците на првиот самит за лидер во услуга на народот што се одржа во Истанбул. 

Повеќе од 200 високи функционери беа запрашани кој е „Лидер на годината во услуга на народот“.

Од анкетираните високи функционери најголем број гласови доби претседателот Ердоган.

Освен тоа според добиените резултати од анкетата генералниот директор на Институцијата за студентски домови Синан Аксу беше избран за „Бирократ на годината во услуга на народот“, познатиот турски пејач и композитор Орхан Генџебај „Уметник на годината во услуга на народот“, а бизнисменот Али Кемал Копуз беше избран за „Бизнисмен на годината во услуга на народот“.



Слични вести