Премиерот Бинали Јилдирим замина во посета на Русија

Премиерот Бинали Јилдирим пред да отпатува за Москва на аеродромот Есенбога во Анкара изјави дека односите помеѓу Турција и Русија се влезени во период на нормализирање

624196
Премиерот Бинали Јилдирим замина во посета на Русија

Премиерот Бинали Јилдирим синоќа замина во официјална посета на Русија.

Пред да отпатува за Москва премиерот Бинали Јилдирим на аеродромот Есенбога во Анкара истакна дека односите помеѓу Турција и Русија се влезени во период на нормализирање и рече: „Остваруваме прилично брз напредок. Ќе ја зголемиме нашата соработка. Ова прашање ќе го претставува главниот дневен ред на нашите разговори во Москва.“

Велејќи дека и кај двете земји постои волја на високо ниво за унапредување на турско-руските односи уште понапред, Јилдирим напомена дека на разговорите ќе биде направена проценка на прашањата на укинување на ограничувањата за извозот на некои земјоделски производи од Турција во Русија.

Премиерот Бинали Јилдирим рече: „Енергијата е значајна сфера во нашата трговија со Русија. Договорот за Турски тек е одобрен во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ). Веќе го чекаме одобрувањето на Думата. Во врска со цената на природниот гас постои прашање кое што постои од порано. Реализацијата и на изградбата на Аккују се наоѓа меѓу значајните прашања.“



Слични вести