Грција ќе и предаде на Турција тројца војници пучисти
Апелациониот суд во Атина одлучи да и бидат предадени на Турција тројца војници пучисти кои по обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули избегаа во оваа соседна земја

Грчкиот Апелационен суд во Атина одлучи да и бидат предадени на Турција тројца од осумте војници пучисти кои по предавничкиот обид за преврат на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули со воен хеликоптер од типот Сикорски избегаа во Александруполис (турски Дедеагач).
Апелациониот суд во Атина вчера го одби барањето на Турција за предавање на тројца војници пучисти.
По оваа одлука пристигна изјава од министерот за одбрана Фикри Ишик кој рече: „Грција заедно со Турција се наоѓа во сојузништво во НАТО и е наш сојузник. Атина треба да покаже пример на солидарност како сојузник.“
Во врска со уште двајца војници пучисти пак за кои се знае дека се наоѓаат во Грција засега не е донесена било каква одлука.
Слични вести

Претседателот Ердоган: Ја продолжуваме изградбата на голема и силна Турција
Претседателот Реџеp Тајјип Ердоган истакна дека ја продолжуваат изградбата на голема и силна Турција