Генерал на армија Хулуси Акар во базата Инџирлик се состана со генерал Џозеф Данфорд

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар во воената база Инџирлик во Адана оствари средба со началникот на Здружениот Генералштаб на американските вооружени сили генерал Џозеф Данфорд

624581
Генерал на армија Хулуси Акар во базата Инџирлик се состана со генерал Џозеф Данфорд

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар во воената база Инџирлик во Адана се состана со началникот на Здружениот Генералштаб на американските вооружени сили генерал Џозеф Данфорд.

Според соопштението објавено преку интернет страницата на Генералштабот, началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар заедно со командантот на копнените сили генерал на армија Салих Зеки Чолак замина за Адана со цел обиколка и посета на воените единици во областа.

Генерал на армија Хулуси Акар најпрвин ја посети 10-тата танкерска команда во воената база Инџирлик а потоа се состана со началникот на Здружениеот Генералштаб на американските вооружени сили генерал Џозеф Данфорд кој престојува во посета на базата  Инџирлик за честитање на Божиќ на американските војници на задача во базата.

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар по средбата со својот американски колега Данфорд ја посети губернијата на Адана и беше во обиколка на единиците на Командата на 6-тата механизирана пешадиска дивизија.



Слични вести