Фикри Ишик: Грција треба да ја покажува секој вид волја за предавање на војниците пучисти

Министерот за одбрана Фикри Ишик во врска со одлуката на грчкиот суд со која го одби барањето на Турција за предавање на тројца војници пучисти истакна дека Грција треба да ја покажува секој вид волја по ова прашање

624200
Фикри Ишик: Грција треба да ја покажува секој вид волја за предавање на војниците пучисти

Министерот за одбрана Фикри Ишик истакна дека Грција треба да ја покажува секој вид волја во врска со екстрадицијата на Турција на припадниците на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ кои за време на обидот за преврат избегаа со хеликоптер во оваа земја.

Грчкиот суд вчера го одби барањето на Турција за предавање на тројцата од 8-те војници пучисти кои по предавничкиот обид за преврат на ФЕТО/ПДЈ на 15 јули со воен хеликоптер од типот Сикорски избегаа во градот Александруполис (турски Дедеагач) во соседна Грција.

По оваа одлука на грчкиот суд министер за одбрана Фикри Ишик рече: „Грција заедно со Турција се наоѓа во сојузништво во НАТО и е наш сојузник. Атина треба да покаже пример на солидарност како сојузник.“

Во меѓувреме Апелациониот суд во Атина денеска ќе ја разгледа и жалбата на петте војници пучисти.



Слични вести