Турција е свесна за играта која што се обидуваат да ја постават на економската сцена

Оските на злото и овојпат нема да успеат во своите намери

623760
Турција е свесна за играта која што се обидуваат да ја постават на економската сцена

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека по неуспешниот обид за воен удар на 15 јули, оските на злото се насочија ударот да го продолжат со поигрување и зголемување на каматните стапки, берзите и вредноста на девизите, поради што упати повик до граѓаните да се насочат кон турската лира, со цел да ја нарушат нивната игра.

Во говорот на свеченото доделување на наградите на Индустриската комора на Кајсери, претседателот Ердоган рече дека Турција е свесна за играта која што се обидуваат да ја постават на економската сцена по неуспешниот обид за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура ФЕТО/ПДЈ.

Сите оние кои што не можат да ја поднесат стабилноста во Турција, ударот кој 40 години се обидуваат да го нанесат преку луѓето чии мозоци ги испраа сега се обидуваат да го нанесат преку економијата.

Кога целта не можеа да ја постигнат со пионите облечени во воени униформи, тогаш на сцена ги изнесоа другите пиони кои располагаат со пари. Но и овојпат нема да успеат во своите намери, рече Ердоган.

Претседателот Ердоган го повтори повикот до граѓаните за насочување кон домашната валута и потенцираше дека Владата усвои одлука огласите за јавна набавка да ги реализираат врз основа на турски лири.

Припадниците на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО да се разбираа од историјата, тогаш требаше да сфатат дека овој Голем народ, покрај големата сиромаштија низ која поминуваше во текот на Првата светска војна, ги победи непријателските сили во Чанаккале и не потклекна пред модерната армија која во минатото се обиде да воспостави контрола над Анадолија. Да го познаваа напиот народ, тогаш многу подобро ќе сфатеа дека Турците во својата 2 220 годишна историја секогаш биле спремни на секаков вид кукавички напади и предавства. Бидејќи не не познаваат добро и не можат да ја сфатат нашата големина, постојано се изложени на пораз особено во последните 4 години. Слично на турската изрека дека „Поразениот пеливан никогаш не може да се насити на борење“ никако не можат да го прифатат поразот. Причината за оваа неволја која сакаат да ни ја наметнат е вршење притисок врз луѓето кои се цврсто приврзани кон националните и духовни вредности. Водат политика на оттуѓување, рече претседателот Ердоган.

Ние фрливме чекори за коренита промена на ова сфаќање и сплотување на народот со државата. Денес турската држава е многу понемилосрдна кон терористичките организации, а помилосрдна кон своите граѓани. Денес во Турција владее поглед кој не се одвојува од правото и правдата, насочен кон луѓето. Се надеваме дека со постепеното ширење на овој поглед и сфаќање во сите сфери на живото, сите државни установи, ќе се укинат сите недостатоци.



Слични вести