Обидот за воен удар - последен чекор за спречување на маршот на демократијата

вој народ, само за 16 часа обидот за воен удар го пренасочи во своја корист

623530
Обидот за воен удар - последен чекор за спречување на маршот на демократијата

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека обидот за воен удар на 15 јули беше последниот чекор за спречување на маршот на демократијата.

Со чекорите што ги презедоа како внатре во земјава така и надвор, се обидоа да ни го спречат патот на развојот на економијата и демократијата, но не успеаја да го спречат маршот на народот кон правдата. Без оглед на тоа колку тенкови, топови, авиони од типот Ф-16 и други да имате, треба да знаете дека наспроти цврстото убедување на народот, не можете да поставите ниту една пречка. Овој народ, само за 16 часа обидот за воен удар го пренасочи во своја корист. На сите херои им изразувам длабоко сочувство, а на газиите што побрзо да оздрават.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим учествуваа на свеченото отворање на музејот и библиотеката посветени на 11-от претседател Абдулах Ѓул, кои беа отворени во рамките на кампусот на истоимениот универзитет во Кајсери.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа прилика рече дека постепено во Турција почна да се формира традиција на политичко историски музеи. Музејот Абдулах Ѓул има посебно значење од аспект на тоа до кое ниво на демократијата се искачи Турција.

Премиерот Бинали Јилдирим во говорот рече дека во рамките на Музејот и библиотеката Абдулах Ѓул, на најдобар начин се раскажува политичката историја на Турција од 1950 до 2014 година. Ние сме иднина која има богато минато. Имаме потреба од поголем број од овој вид и слични дела со цел на младите и идни поколенија да можеме да им ги пренесеме тагата и убавите настани и случувања кои ги доживеавме, со цел да изградиме поубава и поздрава иднина.

По премиерот Јилдирим, говор одржа и поранешниот претседател Абдулах Ѓул кој им се заблагодари на учесниците на свеченото отворање и особено претседателот Реџеп Тајип Ердоган за допринесот во завршувањето на проектот кој го започна самиот.

Турција се искачи на ниво на земја со најголем економски раст. Ги развивме односите меѓу исток и запад. Освен тоа што овој музеј е посветен на мојата личност, тоа е политичко историски музеј. Сите посетители ќе имаат можност да ја видат историјата на Турција, рече Ѓул.



Слични вести