Претседателот Ердоган и германската канцеларка Меркел остварија сеопфатен телефонски разговор

Според добиени информации во телефонскиот разговор станало збор за актуелни регионални прашања, билатералните односи, текот во кипарските преговори, последните случувања во Сирија на чело со хуманитарната состојба во Алепо и односите на Турција со ЕУ

622112
Претседателот Ердоган и германската канцеларка Меркел остварија сеопфатен телефонски разговор

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.

Според добиени информации од извори од кабинетот на претседателот во разговорот станало збор за актуелни регионални прашања и билатералните односи.

Во разговорот биле разменети мислења и во врска со текот во кипарските преговори и последните случувања во Сирија на чело со хуманитарната состојба во Алепо.

Како што се истакнува Ердоган и Меркел во телефонскиот разговор привлекле внимание кон потребата од интензивирање на напорите за доставување хуманитарна помш на Алепо.

Претседателот Ердоган во врска со кипарските преговори истакнал дека Турција отсекогаш  е на страната на праведно, трајно и сеопфатно решение со кое што  ќе бидат подеднакво одбранети правата и на двете страни на островот.

Како што се дознава во однос на прашањето со бегалците пак претседателот Ердоган укажал на потребата ЕУ да ги исполни одговорностите кои што и претстојат нејзе.

Во телефонскиот разговор помеѓу Ердоган и Меркел станало збор и за прашањето со борбата против тероризмот.

Во тие рамки претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласил дека Турција очекува од Германија да води поактивна борба по прашањето на спречување на активностите и финансиските извори на терористичките организации на чело со сепаратистичко-терористичката организација ПКК и Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО. 

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор воедно и честитал на германската канцеларка Ангела Меркел за преземањето на претседателствувањето со земјите од групата Г-20 од страна на нејзината земја.



Слични вести