Ердоган: Внатрешните превирања се во прилог на оние кои сакаат муслиманите да бидат немоќни

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган предупреди дека периодот на внатрешни превирања во исламскиот и турскиот свет им оди во прилог на оние кои сакаат муслиманите да бидат немоќни

622683
Ердоган: Внатрешните превирања се во прилог на оние кои сакаат муслиманите да бидат немоќни

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на свеченото отворање на кулијето (комплексот од градби-кампус) Есенбога на Универзитетот Јилдирим Бејазит во Анкара и притоа потсети на османлиската историја и на периодот на внатрешни превирања познат како период Фетрет.

Ердоган истакна дека исламскиот и турскиот свет доживуваат период на внатрешни превирања (Фетрет) од политички, културен и дипломатски аспект и рече: „Оваа состојба им оди во прилог на оние кои сакаат муслиманите да бидат немоќни.“

На церемонијата говореше и премиерот Бинали Јилдирим кој истакна дека тоа што насекаде во Турција има универзитети значи најдобро обучување и едуцирање на младите.

Јилдирим напомена дека во рамките на целта за распространување на универзитетите на сите четири страни на земјата кое што започна веднаш по по периодот кога актуелниот претседател Реџеп Тајјип Ердоган ја извршуваше премиерската функција на 76-те универзитети им беа додадени уште 117 универзитети.

„Изградбата на овој кампус кој располага со свој дух и во склопот на универзитетот Јилдирим Бејазит во Анкара онака како што и доликува на славата на нашите предци каде што на најдобар начин ќе бидат претставени нашата култура, нашата историја и нашиот идентитет, исто така посебно претставува повод на гордост. По ова прашање ги применуваме лично директивите на господинот претседател и ја доживуваме радоста од формирање на кампус во усогласеност со нашата култура и нашата историја.“ - рече премиерот Јилдирим.

Премиерот Бинали Јилдирим им се заблагодари на оние кои вложиле труд во изградбата на кулијето (комплексот од градби-кампусот) и привлече внимание на тоа дека Универзитетот Јилдирим Бејазит е високообразовна институција која располага со најголем број студенти од странство.

Јилдирим рече: „Овде ќе студираат, ќе бидат подготвени за иднината и откако ќе се вратат во своите земји ќе станат доброволни амбасадори на нашата земја и 1.800 студенти од 91 земја ширум светот.“



Слични вести