Турција привремен претседавач со Парламентарната асамблеја за црноморска економска соработка

Членот записничар во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Омер Сердар истакна дека Парламентарната асамблеја Организацијата за црноморска економска соработка треба да оформи своја долгорочна визија

621902
Турција привремен претседавач со Парламентарната асамблеја за црноморска економска соработка

Турција стана привремен претседавач со Парламентарната асамблеја Организацијата за црноморска економска соработка (БСЕЦ).

Членот записничар во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Омер Сердар истакна дека Парламентарната асамблеја Организацијата за црноморска економска соработка (БСЕЦ) треба да оформи своја долгорочна визија и рече: „Нашите проблеми би можеле да ги надминеме со дијалог.“

Турција привременото претседателствување со организацијата го презеде од Србија.

Во Белград заврши Генералното собрание на Парламентарната асамблеја Организацијата за црноморска економска соработка (БСЕЦ) на кое претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман го претставуваше членот записничар Омер Сердар.

Омер Сердар истакна дека Парламентарната асамблеја Организацијата за црноморска економска соработка (БСЕЦ) е значајна платформа за развој на регионалната соработка.

Сердар нагласи дека треба да се стави во примена една долгорочна визија.

Членот записничар во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Омер Сердар и делегацијата во негова придружба остварија и билатерални средби.

Омер Сердар се состана и со потпретседателот на собранието на Србија Владимир Марковиќ и со потпретседателот на српската влада Расим Љајиќ.



Слични вести