Парламентарната асамблеја на Азија ја прогласи ФЕТО за терористичка организација

Потпретседателот на собранието Ахмет Ајдин истакна дека на состанокот на 9-тото Генерално собрание на Парламентарната асамблеја на Азија составена од 42 земји членки што се одржа во Камбоџа ФЕТО/ПДЈ е прогласена за терористичка организација

621898
Парламентарната асамблеја на Азија ја прогласи ФЕТО за терористичка организација

Потпретседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Ахмет Ајдин истакна дека во завршната декларација на состанокот на 9-тото Генерално собрание на Парламентарната асамблеја на Азија составена од 42 земји членки што се одржа во Камбоџа, Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ е прогласена за терористичка организација.

Ајдин кој по повод состанокот на 9-тото Генерално собрание на Парламентарната асамблеја на Азија престојува во Камбоџа рече дека на состанокот учествувале 42 земји членки и 26 земји посматрачи и дека на одржаните состаноци биле претставени приближно 70-насто од светското население.

Ахмет Ајдин подвлече дека Турција едногласно е избрана за претседавач на Парламентарната асамблеја на Азија за периодот 2017-2019 година.

Потпретседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Ахмет Ајдин истакна дека во говорот што го одржа на Генералното собрание со сите детали го раскажал обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули, ги предупредил земјите членки и побарал поддршка од нив по прашањето.

Нагласувајќи дека во завршната декларација на состанокот на генералното собрание се вели „Парламентарната асамблеја на Азија е подготвена да и ја даде секој вид поддршка на демократски избраната влада на Република Турција со гласовите на народот во нејзината борба против терористичката организација на челникот Фетулах Ѓулен по прашањето на одбраната на демократијата, правото, безбедноста и стабилноста“, Ајдин рече: „Во завршната декларација на состанокот на 9-тото Генерално собрание на Парламентарната асамблеја на Азија составена од 42 земји членки ФЕТО/ПДЈ е прогласена за терористичка организација.“

Потпретседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Ахмет Ајдин истакна дека освен тоа на состанокот била донесена и одлука за заедничко делување за одбрана на територијалниот интегритет на Сирија и надминување на нестабилноста во Сирија.



Слични вести