Односите меѓу Турција и ЕУ не треба да се ограничат само на безбедносни прашања и бегалската криза

Средбите поминаа доста поволно и разговаравме за можностите за надминување на застојот во односите

621168
Односите меѓу Турција и ЕУ не треба да се ограничат само на безбедносни прашања и бегалската криза

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач Омер Челик во рамките на вториот ден од посетата на Брисел одржа средби со претставниците на Европската комисија.

Омер Челик одржа средби со потпретседателот на европската комисија Франс Тимерманс, членот на комисијата за хуманитарна помош и мигрантски прашања Димитрис Аврамопулос и членот на комисијата одговорен за безбедноста Јулиан Кинг.

Министерот Челик рече дека на средбите размениле мислења во врска со разгледувањето на Договорот за царинска унија, визната либерализација за турските граѓани и очекувањата на Анкара.

Челик предупреди дека односите меѓу Турција и ЕУ не треба да се ограничат само на безбедноста и бегалската криза.

Омер Челик истакна дека средбите поминале доста поволно и разговарале за можностите за надминување на застојот во односите.

Челик додаде дека во претстојните денови во посета на Анкара се очекува да допатува Тимерманс.



Слични вести