Јилдирим: Во врска со пожарот во Адана ќе се формира Истражна комисија во собранието

Премиерот Јилдирим во говорот што го одржа на состанокот на Здружението на турските индустријалци и стопанственици ТУСИАД напомена дека одговорните за случајот ќе положат сметка и ќе бидат најтешко казнети

621834
Јилдирим: Во врска со пожарот во Адана ќе се формира Истражна комисија во собранието

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека во врска со пожарот во ученичкиот дом во населеното место Аладаг кај градот Адана во кој животот го загубија 12 лица ќе биде формирана Истражна комисија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Премиерот Јилдирим во говорот што го одржа на состанокот на Здружението на турските индустријалци и стопанственици ТУСИАД напомена дека одговорните за случајот ќе положат сметка и ќе бидат најтешко казнети.

Во меѓувреме мртвите тела на 12 жртви во трагичниот пожар во ученичкиот дом од кои 11 ученици по одржаната церемонија во градот Адана беа погребани.



Слични вести