Ердоган: Цел на операцијата Еуфратски штит во Сирија не е одредена личност или земја

Пртеседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Цел на операцијата Еуфратски штит која што продолжува од 24 август не е одредена личност или земја туку се терористичките организации“

621706
Ердоган: Цел на операцијата Еуфратски штит во Сирија не е одредена личност или земја

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на 30-тиот состанок со претседателите на месни заедници што се одржа во претседателската палата во Бештепе во Анкара истакна дека цел на операцијата Еуфратски штит која што се реализира во Сирија под воство на Турските вооружени сили (ТВС) не е одредена личност или одредена земја.

Ердоган рече: „Цел на операцијата Еуфратски штит која што продолжува од 24 август се терористичките организации.“

Истакнувајќи го и тоа дека под услов ЕУ да се откаже од применување на двоен стандард Турција е подготвена веднаш утре да стане членка на Унијата, Ердоган рече: „За да не исклучат од Европа нема да биде доволна ниту силата на институциите на ЕУ, ниту силата на европските држави кои се соочени со опасност да западнат во канџите на расизмот како болест. Ние не сме гости туку сме домаќини во Европа. Тешкотиите кои што ги доживуваме во последно време со ЕУ и со некои европски земји се актуелни политички конфликти.“

„Доколку ЕУ ги остави настрана она бесмислено непријателство и двојниот стандард против нашата земја ние сме подготвени веднаш утре да станеме полноправна членка на ЕУ“ - рече Ердоган и својот говор го продолжи со следните зборови: „Тогаш кога ЕУ ќе ги фрли чекорите како што се визната либерализација што ја вети на нашата земја но намерно не го исполни ова свое ветување, доделувањето на вкупно 6 милијарди евра за бегалците и отворањето на поглавјата во преговорите, секако дека и ние ќе ја покажеме нашата добронамерност. Меѓутоа веќе заврши периодот на фрлање чекори еднострано.“

Нагласувајќи дека односите со Западот не се оценуваат за алтернатива на Истокот и односите со Истокот не се сметаат за алтернатива на Западот, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Спротивно на тоа оваа наша позиција од наш сопствен аспект и од аспект на нашите пријатели ја прифаќаме како гаранција на односите кои што се надополнуваат и комплетираат. Истата состојба се однесува и за Црноморскиот и Средоземноморскиот регион. Сите земји од сите страни на двете мориња и покрај тоа што не се наши директни соседи тие се наши соседи со кои ги споделуваме истите мориња.“



Слични вести