Во воздушна операција на северот на Ирак неутрализирани 45 терористи на ПКК

Во реализирана воздушна операција на областа на планината Кандил во северниот дел на Ирак се неутрализирани 45 терористи на ПКК

621019
Во воздушна операција на северот на Ирак неутрализирани 45 терористи на ПКК

Турските вооружени сили (ТВС) и нанесуваат тежок удар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК како внатре во границите на земјата, така и надвор од земјата преку границата.

Во реализирана воздушна операција на областа на планината Кандил во северниот дел на Ирак се неутрализирани 45 терористи на ПКК.

Според објавеното соопштение од Генералштабот на 27 ноември таканаречениот датум на формирање на сепаратистичко-терористичката организација ПКК воени авиони на Турските вооружени сили (ТВС) реализираа воздушна операција на областа на планината Кандил во северниот дел на Ирак.

По реализираните извидувања и испитувања на теренот беше установено дека во воздушната операција се неутрализирани 45 терористи на ПКК.

Од друга страна во реализирана операција поддржана и од воздух во руралните подрачја на градот Ширнак беа пронајдени мртвите тела на 7 припадници на сепаратистичко- терористичката организација ПКК, една снајперска пушка Загрос, 80 куршуми за оваа пушка, 1 рачен минофрлач, еден митралез Бикси, една пешадиска пушка М16, 6 пешадиски пушки калашникови и муниција за истите, 16 рачни бомби, токи-воки, наочари за ноќно гледање, сончев панел и голема количина различни материјали за обезбедување на животните потреби на терористите. 

Во реализираните пребарувања на теренот од страна на безбедносните сили во населеното место Сарикамиш во округот Карс пак во две одделни засолништа беа пронајдени две плински боци, еден топ најлон и голема количина различни прехранбени производи за обезбедување на животните потреби на терористите.  

 



Слични вести