Валијата на Адана: Извршител на минатонеделниот бомбашки напад е терористичката ПКК

Валијата на Адана Махмут Демирташ истакна дека добиле информации во однос на тоа дека одговорноста за минатонеделниот напад со возило-бомба ја презела терористичката организација ТАК која е поврзана со сепаратистичко-терористичката организација ПКК

620533
Валијата на Адана: Извршител на минатонеделниот бомбашки напад е терористичката ПКК

Валијата на Адана Махмут Демирташ истакна дека нападот со возило-бомба на 24 ноември на автопаркот во близина на губернијата е реализиран од страна на терористичката организација ПКК.

Валијата Демирташ информира дека добиле информации во однос на тоа дека одговорноста за нападот ја презела терористичката организација ТАК која е поврзана со сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

„Извршител на терористичкиот напад е ПКК, бидејќи ПКК и ТАК се иста организација.“ – рече валијата на Адана Махмут Демирташ.

Во реализираниот терористички напад со возило бомба минатата недела на автопаркот во близина на губернијата на Адана животот го загубија две лица, а 33 лица беа повредени.

Во нападот беше причинета материјална штета во зградата на губернијата на Адана и во околните згради, а беа доведени во неупотреблива состојба и голем број возила.



Слични вести