Сочувство од Турција по повод трагичната авионска несреќа во Колумбија

Во објавеното соопштение од МНР на Турција се истакнува дека со длабоко жалење беше дочекана веста за уривањето на патничкиот авион во Колумбија во кој меѓу патниците се наоѓаа и фудбалерите и делегацијата на бразилскиот фудбалски прволигаш Шапекоенсе

620968
Сочувство од Турција по повод трагичната авионска несреќа во Колумбија

Турција го изрази своето сочувство по повод загинатите во авионската несреќа во Колумбија во која животот го загубија 75 лица а 6 лица успеаја да се спасат живи.

Во срушениот патнички авион се наоѓаа и фудбалерите и делегацијата на бразилскиот фудбалски прволигаш Шапекоенсе.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека со длабоко жалење беше дочекана веста за уривањето на патничкиот авион во Колумбија кој леташе од Боливија за Колумбија и во кој меѓу патниците се наоѓаа и фудбалерите и делегацијата на бразилскиот фудбалски прволигаш Шапекоенсе при што животот го загубија голем број патници и членови на екипажот.

Во соопштението на министерството се изразува сочувство до семејствата и блиските на загинатите во овој трагичен настан, како и до бразилскиот народ и бразилската влада.



Слични вести