Немојте да и верувате на терористичката организација и немојте да и се приклучувате

Од исказот на терористот кој им се предаде на безбедносните сили беше утврдено дека децата кои измамени и присилно одвоени од семејствата, биле изложени на лошо однесување и закани од страна на возрасните терористи

620333
Немојте да и верувате на терористичката организација и немојте да и се приклучувате

Од исказот на терористот кој се предаде на безбедносните сили во операцијата во борбата против тероризмот на 25 ноември 2016 во Лиџе кај Дијарбакир беше утврдено како младите паѓаат во стапицата на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Терористот во исказот рече дека уште кога бил студент од страна на терористичката организација бил излажан дека ќе се изврши револуција и дека ќе бил херој, поради што организацијата го испратила во кампот Метина на северот на Ирак.

Терористот меѓудругото рече дека децата кои измамени и присилно одвоени од семејствата, биле изложени на лошо однесување и закани од страна на возрасните терористи и потенцираше дека и порано мислел да се предаде на безбедносните сили, но дека бил излажан дека во случај ако се предаде, ќе бил убиен.

Сепак на крајот, покрај се терористот одлучил да се предаде и да остане жив. Во пораката до младите, терористот кој се предаде рече дека не треба да им веруваат на лагите на терористичката организација.

Јас кога им се предадов на безбедносните сили, не бев изложен на тортура, егзекуција или лошо однесување. Кога има можност да се живее, нема потреба да се умре.

Јас избрав да живеам и навистина многу се каам, рече терористот и потенцираше дека се предал на милосрдноста на државата. Немојте да и верувате на терористичката организација и немојте да и се приклучувате, препорача терористот.



Слични вести