Ердоган,палестинското прашање е заедничка кауза на сите муслимани

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган говореше на симпозиумот Платформа Ерусалим во Истанбул и меѓу другото се задржа на низа актуелни светски прашања.

620572
Ердоган,палестинското прашање е заедничка кауза на сите муслимани

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган говореше на симпозиумот Платформа Ерусалим во Истанбул и меѓу другото се задржа на следните прашања:

  • Одбраната на Месџиди Акса како прва кибла на сите муслимани не е должност само на голораките палестински деца, туку палестинското прашање е заедничка кауза на сите муслимани.
  • Ние очекуваме преземање на потребните мерки за палестинскиот народ да ги добие своите територии кои историски му припаѓа , а не да биде жртва на притисоци. Не можеме а да не реагираме на агресивните мерки кои им  наштетуваат на светоста на Хареми Шериф и на верските обреди на муслиманите.
  • Не би требало да го оставиме на само Ерусалим било материјално,било морално. Како што беше досега ние и отсега ќе продолжиме со нашата силна поддршка на Ерусалим преку сите наши можности. Со сета сила ќе работиме за обнова на Палестина и за заштита на светоста на Месџиди Акса.
  • Во Палестина секојдневно се повторуваат случаи на притисок и прогон. Ова неправда скоро половина век продолжува да трае пред очите на светската јавност.
  • Се додека не се промени оваа слика која ги крвари срцата на 1 милијарда и 700 000 муслимани во целиот свет, нема да има траен мир. Очигледно дека во основата на голем број прашања лежи приграбување на правото. Резолуциите на ОН не беа доволни за надминување на оваа неправда. Во систем во кој владее правото на посилниот не се применува ниту една резолуција .
  • Од 1948 година продолжуваат политиките на сепаратизам, притисок и прогон. Сметам дека палестинското прашање претставува лакмусова хартија за Советот за безбедност на ОН.
  • Се додека не се лечи оваа рана во срцето на Блискиот исток, во регионот нема да владее мир.
  • Сметам дека дискусиите што се водат деновиве околу езанот се опасни. Тоа ги навредува чувствата на сите муслимани не само на Палестинците. Ние ги известивме нашите израелски соговорници за последиците од оваа примена доколку истата помине од собранието е се легализира.
  • Единствен начин за решавање на блиско источното прашање е  формирање на независна палестинска држава во границите од 1967 година со главен град Источен Ерусалим. Единствен услов за тоа претставува зголемување на поддршката на меѓународната заедница на Палестина.
  • Заклучно до сега во Сирија загинаа 1 милион луѓе. Но тоа не е се. Во Сирија и денес умираат деца,жени,мажи,без разлика. Каде се ОН ? Што прават? Си велевме, трпи,трпи,но на крајот не издржавме и во соработка со Слободната сириска армија влеговме во Сирија. Тоа го направивме за да ставиме крај на власта на Асад. Таму сме за да се воспостави правда.
  • Советот за безбедност на ОН е формиран во услови на Втората светска војна, но денес условите се поинакви. Во тој совет од една страна треба да бидат претставени континентите,а од друга сите религии. Доколку ОН воспостават правда, доколку делат правда тоа би било во ред, но како што е сега ситуацијата, јас не очекувам правда од ОН.
  • На 15 јули мојот народ покажа дека модерното оружје не му може ништо на човекот. Зошто? Затоа што тие маршираа кон мачеништво. Дадовме 248 жртви,маченици, а 2.193 станаа херои. Ама елхамдулулах, терористичката организација наречена ФЕТО не успеа да ја оствари својата цел во оваа земја, и нема да успее.

 



Слични вести