„Да се застане во одбрана на Ерусалим значи да се застане во одбрана на минатото и идентитетот“

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека формирањето на независна држава Палестина со главен град Источен Ерусалим е единствениот пат за воспоставување на спокојството и мирот во регионот

620317
„Да се застане во одбрана на Ерусалим значи да се застане во одбрана на минатото и идентитетот“

Премиерот Бинали Јилдирим синоќа во Истанбул говореше на свечената вечера на симпозиумот на платформата за Ерусалим и проблемите на Блискоисточниот мировен процес и притоа истакна дека по повод Меѓународниот ден на солидарност со Палестина уште еднаш би сакал да ја изнесе поддршката на турскиот народ на поносниот отпор што го покажува палестинскиот народ против зулумот, окупацијата и разрушувањата .

Јилдирим напомена дека формирањето на независна држава Палестина со главен град Источен Ерусалим е единствениот пат за воспоставување на спокојството и мирот во регионот.

Бинали Јилдирим истакна дека да се застане во одбрана на Ерусалим значи да се застане во одбрана на минатото и идентитетот, а воедно подвлече дека да се каже „Ерусалим“ значи да се каже „мираџ“ и „две киблиња“.

Нагласувајќи дека чекор по чекор продолжува да се реализира проектот за целосна опсада на Источен Ерусалим со еврејски населби и да се прекине неговата врска со палестинските територии, Јилдирим рече: „Намерата е јасна. Ерусалим да се претвори во главен град на јудеизмот. Така да не може да стане збор ние како Турција да покажеме толеранција кон овие политики.“  

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека единствениот пат за решавање на проблемите со мировни методи и дијалог во рамките на меѓусебно разбирање е да се покажува почит кон правдата и правото.

Јилдирим напомена дека треба  да се каже „стоп“ за секојдневното прекршување на најосновните права на палестинскиот народ кои што произлегуваат од меѓународното право.

Велејќи дека оваа задача и претстои на меѓународната заедница која постојано го советува палестинскиот народ на трпение, Јилдирим подвлече дека единствениот пат за воспоставување на спокојството и мирот во регионот е да се формира независна и суверена држава Палестина  чиј главен град ќе биде Источен Ерусалим.

Јилдирим потсети дека во моментов Палестина е призната како држава од страна на 137 земји во светот и додаде дека Турција ги продолжува своите напори со нивно интензивирање за нејзино признавање и од страна на останатите земји.

Во врска со нацрт-законот кој што предвидува забрана за читање на езанот преку звучници во Израел, премиерот Бинали Јилдирим рече: „Не може да се прифати насилното наметнување на една ваква примена која што е против слободата на религијата и верувањето. Со одлучност заедно ќе застанеме против секоја активност која што ќе го навреди исламскиот свет.“



Слични вести