Чавушоглу утре во Аланја кај Анталја ќе се состане со својот руски колега Лавров

Министрите за надворешни работи на Турција и Русија, Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров утре во Аланја кај Анталја ќе учествуваат на петтиот состанок на заедничката турско-руска група за стратешко планирање

620628
Чавушоглу утре во Аланја кај Анталја ќе се состане со својот руски колега Лавров

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу утре (1 декември, четврток) во Аланја кај Анталја ќе се состане со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Двајцата министри за надворешни работи Чавушоглу и Лавров во Аланја кај Анталја ќе учествуваат на петтиот состанок на турско-руската група за заедничко стратешко планирање.

На состанокот што ќе се одржи пред претстојната посета на премиерот Бинали Јилдирим што ќе ја оствари на 5 и 6 декември на Русија ќе бидат поставени на разгледување билатералните односи и актуелниот меѓународен дневен ред.

На состанокот што ќе се одржи за прв пат по новиот период во турско-руските односи по соборувањето на рускиот воен авион кој го прекрши воздушниот простор на Турција на 24 декември 2015 година, освен за соработката во прашања како што се економијата, енергијата, туризмот и одбранбената индустрија се очекува да стане збор и за последната состојба во Украина и Сирија.

Двајцата шефови на дипломатии Чавушоглу и Лавров кои за последен пат се состанаа на 10 октомври во Истанбул за време на Светскиот енергетски конгрес исто така се очекува да направат проценка и на последната состојба до која е дојдено во проектите Турски тек и нуклеарната централа Аккују.  

На состанокот воедно ќе стане збор и за работите кои што се реализираат во рамките на подобрувањето на билатералните односи помеѓу двете земји меѓу кои се наоѓа и повторното зголемување на бројот на туристите од Русија во Турција на 4,5 милиони туристи, во врска со што пак има симболично значење и одржувањето на утрешниот состанок помеѓу Чавушоглу и Левров во Аланја во Анталја како туристички одморалишта кои што се појавуваат на преден план во Турција.  

На овој состанок што ќе се одржи во Анталја како град кој што исто така е значаен и по производството на овошје и зеленчук се очекува да бидат поставени на дневен ред и прашања како што се укинување на забраните за турските прехранбени и земјоделски производи кои што се подложени на ограничување во Русија, како и поништување на секторалните ограничувања кои што се поставуваат за турските фирми и биснизмени во Русија.

Рускиот министер за надвроешни работи Сергеј Лавров се планира да пристигне во Аланја кај Анталја денеска во вечерните часови.



Слични вести