Во воздушни операции во северниот дел на Сирија неутрализирани 11 терористи на ДАЕШ

Во воздушни операции во операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани 11 припадници на терористичката организација ДАЕШ

619862
Во воздушни операции во северниот дел на Сирија неутрализирани 11 терористи на ДАЕШ

Во реализирани воздушни операции  со турски воени авиони и беспилотни летала во рамките на операцијата Еуфратски штит која што започна под водство на Турција на 24 август со цел исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи се неутрализирани 11 припадници на терористичката организација ДАЕШ.

Во операциите во 98-от ден од операцијата беа реализирани воздушни операции на областите Баратах, Дана и Сарзур во северниот дел на Сирија во кои беа уништени 4 засолништа на терористичката организација ДАЕШ.

Со помош на наоружани беспилотни летала беа погодени две возила на терористите.

Во меѓувреме продолжуваат и активностите за доставување помош на цивилното население во северниот дел на Сирија од страна на Управата за елементарни непогоди и итни состојби при владата АФАД и Слободната сириска армија (ССА).



Слични вести