Ердоган го предупреди Израел по повод спречувањето на езанот

Продолжувањето на овие дискусии со кои ќе бидат прегазени верските слободи, нема да бидат во ничија корист

619911
Ердоган го предупреди Израел по повод спречувањето на езанот

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го предупреди Израел дека евентуалното спречување на езанот кој претставува повик за молитва, може да предизвика тешкотии.

Во говорот на симпозиумот Меѓупарламентарна платформа за Ерусалим,претседателот Ердоган рече дека забраната на езанот во Израел е многу опасна работа и дека оваа дискусија ги надминува границите на разум и совест.

Во продолжение претседателот Ердоган рече:

Продолжувањето на овие дискусии со кои ќе бидат прегазени верските слободи, нема да бидат во ничија корист. Претходниот ден тоа лично му го кажав на израелскиот претседател кој ме побара по телефон. Верувам дека израелскиот парламент разумно ќе се раководи, рече претседателот Ердоган.

Овој вид иницијативи ги навредуваат сите муслимани, не само Палестинците, рече претседателот Ердоган и подвлече дека регионот има потреба од иницијативи за мир, а не нова напнатост.

Решението на прашањето лежи во основата на границите определени во 1967 година, формирањето независна Палестинска држава со главен град Ерусалим, рече Ердоган и потенцираше дека еден од предусловите за тоа е зголемувањето на меѓународната поддршка на Палестина.

Признавањето на независна Палестина од страна на сите 193 земји членки на ОН која десетици години води чесна борба пред се претставува должност на човештвото, рече претседателот Ердоган и уште еднаш ја критикуваше структурата на Советот за безбедност на ОН кој не ги застапува интересите на една милијарда седумстотини милиони муслимани во светот.



Слични вести